Фото: Толку е љубоморна што секојдневно го тестира со детектор за лаги

Таа е толку љубоморна што секојдневно живее во страв сопругот да не ја изневери, и на секое излегување од дома го тестира со детектор за лаги, не му дозволува да гледа телевизија за случајно да не му се допадне некоја жена…Четириесет и две годишната Деби Вуд постојано мисли дека нејзиниот сопруг, 30-годишниот  Стив Вуд, може да се заљуби во друга и да ја изневери.
Нејзината љубомора е толку изразена, што таа на секој можен начин се обидува да го спречи Стив во евентуална прељуба.
По секое негово враќање дома таа го става пред драстичен тест – мора да го помине домашниот детектор за лаги.

Исто така, на Стив му е забрането да гледа телевизија доколку Деби не е до него, за случајно да не му се допадне некоја од жените кои би се појавиле на телевизија.
Неколку пати на ден, Деби му го проверува мобилниот на Стив без претходна најава, а исто така ги знае сите негови лозинки за постојано да има пристап до секој детаљ од неговиот живот.
Она што е најчудно е фактот што Стив вели дека ова воопшто не му пречи, додавајќи дека вреди сета мака, затоа што си ја обожава сопругата.Четириесет и две годишната Деби Вуд постојано мисли дека нејзиниот сопруг, 30-годишниот  Стив Вуд, може да се заљуби во друга и да ја изневери

Пронајдете не на следниве мрежи: