Фото: Топ 9 најстрашни напуштени градови во светот

Било тоа да е природна непогода или економски криза , некогаш цели заедници остануваат празни. Само дел од градбите остануваат да сведочат дека некогаш овде живееле луѓе.
Ви ги претставуваме некој од најстрашни напуштени градови.
Безид, Романија

Целиот град бил поплавен кога се срушила браната и се излило вештачкото езеро. После поплавата може да се виде само звоното од црквата . Ова е само еден од градовите кои настанале за време на Чаушеску.
Колманскоп, Намибија

Во почетокот на 20 век во Намибија владеела дијамантска треска. Колманскоп е основан во 1908 година, и во него имало болница, школо, казино, но просперитетот во ова село не потрајал за долго. После Првата светска војна, пресушило наогалиштето на дијаманти и градот е напуштен.
Ордур-сур-Глен, Франција

Селото било уништено во 1944 година , кога 642 жители, вклучувајќи 205 деца и 247 жени биле убиени од старана на војската. Командантот на овој масакар Адолф Дајкман, рекол дека масакрот бил одмазда за отпор на активности. Местото денес е музеј.
Боди, Калифорнија

Градот бил основан  во 1859 година барајќи злато во близина на рудникот. Бил и втор по големина град во Калифорнија во 1870 година, но бројот на жителите започнал брзо да опаѓа и во 1930 година имало 228 жители. Од 1962 тој е музеј на отворено со 200 недопрени згради.
Агдам, Азербеџан

Пред 20 години властите на Републиката го завзеле градот па 40.000 луѓе се иселиле . Денес овој град е воглавно ненаселен.
Шанзи-под-сити,Тајланд

Овие НЛО, куќи се изградени 1970 година, но проектотбил напуштен во 1980 поради финансиски тешкотии. Често ги нарекуваат и „урнатините на иднината“ . За жал се срушени некаде помеѓу 2008 и 2010 година.
Далол, Етиопија

Ова е град кој израснал околу рудник со сол, а напуштен е во 1960 година. Тој го држи рекордот за населено место со највисока просечна температура во светот од 35 степени, измерена помеѓу 1960 и 1966 година.
Вароша,Северен Кипар

Некогаш ова беше едно од најпопуларните летувалишта на светот  и омилено место на Бриџит Бардо, Ричард Бардон, и Елизабет Тејлор. Но после турската инвазија на Кипар во 1974 година, цело место е оградено.
Кајакој, Турција

Повеќе од илјада грчки православници живееле овде во 1923 година, кога после размената на жителите останало напуштено. Сега е музеј со 500 куќи и две православни цркви.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Било тоа да е природна непогода или економски криза , некогаш цели заедници остануваат празни. Само дел од градбите ос

Пронајдете не на следниве мрежи: