Тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави писмо од рускиот претседател Владимир Путин упатено до Трамп.Писмото, што било испратено минатата недела се однесува на билатералната соработка меѓу Вашингтон и Москва како и за новото ниво на американско-руските односи.
Во писмото се укажува дека сериозните глобални и регионални предизвици покажуваат оти „односите на Русија и САД се важен фактор во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста во современиот свет“.
– Се надевам дека ќе можеме – делувајќи на конструктивен и прагматичен начин, да преземеме вистински чекори за обновувањето во рамките на билатералната соработка во различни области, како и да го подигнеме нивото на соработка на меѓународната сцена на квалитативно ново ниво, напишал Путин.
Писмото, што било испратено минатата недела се однесува на билатералната соработка меѓу Вашингтон и Москва како и за новото ниво на американско-рус