Фото: Туна во нов спот со ново момче

Пејачката со албанско потекло која јавноста  ја запозна преку учеството во шоуто М2 – Алтуна Седију  по позната како Туна, веќе извесен период паузира од македонската музичка сцена, а причина за тоа се нејзините ангажмани кои ги има во соседна Албанија и Косово.
На овие простории таа  активно работи на промовирање на новиот музички материјал, а неодамна во етер го пушти и спотот за песната “Феникс” која за само две недели успеа да достигне 3 милиони прегледи на Јутјуб.

Како гостин во “Феникс” се појавува и раперот Козман, кој всушност е и дечко на пејачката. Двојката е неразделна неколку месеци, а својата врска бурно ја крие од очите на јавноста, притоа негирајќи ги сите наводни коментари поврзани со нивниот однос.
“Ние сме само добри пријатели. Не знам што друго да искоментирам во врска со нас”, вели Туна и додава дека во моментов е преокупирана со подготовките околу новиот албум кој треба да излезе наскоро.

Сепак кадрите во спотот за “Феникс” го тврдат сосема спротивното.
Двојката во видео – приказната воопшто не се штеди кога се нежностите во прашање, па јасно може да се види како во повеќе наврати си разменува и бакнежи и страсни допири.
 Пејачката со албанско потекло која јавноста  ја запозна преку учеството во шоуто М2 – Алтуна Седију  п

Пронајдете не на следниве мрежи: