Фото: УЕФА со специјален прилог за Давид Бабунски!!!

УЕФА направи специјален прилог за нашиот млад и талентиран фудбалер, Давид Бабунски, кој во среда на пријателскиот натпревар против Бугарија, очекува деби во сениорскиот национален тим на Македонија.„Фудбалерот на Барселона, Бабунски, подготвен да биде предводник на националната селекција на Македонија“ стои во статијата на УЕФА за нашиот талентиран фудбалер, кој неодамна потпиша професионален договор со екипата на Барселона „Б“.
„На само месец дена по неговото деби за екипата на Барселона Б, Давид Бабунски е подготвен да ја забележи успешната сезона со забележување на настап за сениорската репрезентација за Македонија на пријателскиот натпревар против Бугарија во Скопје во среда“ се вели во дел од сторијата на УЕФА која направи специјален прилог за нашиот млад фудбалер.
Во продолжение, УЕФА, во својот специјален прилог надополнува дека станува збор за талентиран фудбалер со одличен преглед на играта, визија и убиствен пас, фудбалерот се развива во тип на играч кој Македонија го немала уште пред 1980-тата година, па така Давид Бабунски е на некој начин спореден со Тони Савески.
Целата сторија на УЕФА за Давид Бабунски можете да ја прочитате ТУКА.„Фудбалерот на Барселона, Бабунски, подготвен да биде предводник на националната селекција на Македонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: