ФОТО: Уникатниот Mercedes-Maybach Vision 6

Пред една недела се појави првата обвиткана во мистерија, слика на мистериозниот наследник на Exelero.Денес, неколку дена пред официјалната премиера на Натпреварот за елеганција во Пебл Бич кој започнува на 21 август, Mercedes-Maybach Vision 6 доаѓа во полн сјај, раскош и ексклузивен ентериер.
Внатрешност на која Џејмс Т. Кирк би бил завиден. Силуетата на автомобилот навистина потсетува на Maybach Exelero, но разликата е огромна.
Новиот модел е исклучително елитистички со силно засечена задница.
Пред неколку дена Mercedes ја објави првата слика, придружена единствено од реченицата „Hot & cool – almost 6 metres of ultimate luxury“.
Денес, благодарение на канадското издание на Motor1.com, го гледаме моделот во неговиот раскош, иако сликите дури и не се придружени со барем една реченица.
Но, тоа е излишно. Детали ќе се појават наскоро, а сега може да уживаме во сликите на овој уникат.
Иднината сега: сите достапни информации за возилото и движењето се проектираат врз шофершајбната.

Денес, неколку дена пред официјалната премиера на Натпреварот за елеганција во Пебл Бич кој започнува на 21 август, Mercedes-Maybach Vision 6 доаѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: