Фото: Вака изгледа Сараево по нередите

Во Сараево, после немирите се потсетува на холивудски филм со апокалиптична тематика, а граѓаните во неверување ги заобиколуваат запалените зданија и како што велат, не им се верува што им се случило за само 24 часа. Утрото после немирите на сараевските улици се пустош. Се потсетува на акционен холивудски филм со апокалиптична тематика, а граѓаните во неверување ги заобиколуваат запалените зданија.
И понатаму, велат не веруваат што им се случило за само 24 часа. Огорчени се заради палењето на зградата на Претставништвото и Кантонот Сараево во текот на вчерашните протести.

Во изјавите на новинарот Танјуг, велат дека ги подржуваат мирните протести, но го осудуваат уништувањето на објекти.
„Ова не е никакво решение. Тоа е срамота. Подржувам мирни протести. Народот е навистина огорчен и трпи. Живеам во центарот и верувате дека не можам да го препознам градот. Би плачела“ – реакција на една сараевчанка која утрово ги посети запалените објекти.

 

„Кој ќе го поправи ова? Треба ние да го обновиме. Тие не добија ништо со тоа. Нема да добијат работа со тоа“ – нагласил во својата изјава на Танјуг еден средновечен сарајлија кој поминувал преку улицата Маршал Тито, каде дивееја демонстрантите и кршеа се пред себе.
Имено, од зградата на Кантонот Сараево, во кој доцна сношти избувна пожар, утрово излегуваше чад, а пожарникарите однадвор и одвнатре го гасеа огнот.
Пожарот во Претставништвото сношти околу полноќ, во целост е изгасен.
Сношти во еден момент е добиена дојава до пожарникарите, дека на вториот кат во Општината центар се наоѓаат службеници чии животи се во опасност. Пожарникарите успеале да ги евакуираат вработените, но ги ризикувале своите животи.

Инаку, вчера за гасење на пожарите биле ангажирани околу 20 возила и 60 пожарникари, а денес пет возила и 20 пожарникари.
Работата на пожарникарите ја следат љубопитните граѓани, но и огорчените службеници од зградата на Кантонот Сараево, кои со гнев зборуваат за немилите настани. 
Утрото после немирите на сараевските улици се пустош. Се потсетува на акционен холивудски филм со апокалиптична тематика, а граѓаните во неверување

Пронајдете не на следниве мрежи: