Фото: Вардар со Маневски како полу-шпиц и Костовски како шпиц ќе атакува на изненадување кон голот на Стеауа!!!

Романските медиуми веќе ги објавија можните почетни состави на двата тима кои вечерва ќе се судрат во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на Шампионите.
Се чини дека тренерот на Вардарци, Милевски, ќе се обиде да ја изненади Стеауа со формација 4-4-2, но со еден класичен напаѓач (Костовски), а веднаш зад него еден полу-шпиц (Маневски).
Според „ПроСпорт“, Вардар би настапил во следниот состав: Павловиќ, Цикарски, Бојовиќ, Таневски, Рељиќ, Стојков, Темелков, Петровиќ, Хименез, Маневски и Костовски.
Судиската четвортка е од Чешка, предводена од Прихода. На „Националната арена“ во Букурешт се најавени веќе 30 000 гледачи, а 300 навивачи на Вардар се очекува да бидат на овој натпревар и да го бодрат македонскиот претставник.
Натпреварот започнува во 19-45 часот, директен пренос од натпреварот ќе врши романски „ДигиСпорт“.

Фото/Состави: www.prosport.roРоманските медиуми веќе ги објавија можните почетни состави на двата тима кои вечерва ќе се судрат во второто квалифик

Пронајдете не на следниве мрежи: