Австрискиот олимпиец итно е пренесен во болница, а засега неговата здравствена состојба не е позната.Трикратниот олимписки шампион во ски скокови Томас Моргенштерн е хоспитализиран со тешки повреди откако доживеа пад на тренинг.
Според првичните дијагнози кај ски скокачот констатирани се повреди на главата и на градите, поради што во следните 72 часа ќе биде под постојан надзор.
Во понеделник лекарскиот тим ќе и се обрати на јавноста и тогаш ќе биде позната неговата здравствена состојба.
Трикратниот олимписки шампион во ски скокови Томас Моргенштерн е хоспитализиран со тешки повреди откако доживеа пад на тренинг.