Вие не можете да офарбате толку, колку што ние ќе исчистиме, им порачуваат граѓаните на хулиганите платеници на Зоран Заев и СОРОС, кои вршат брутален атак врз симболот на македонската државност Порта Македонија и останатите спомен обележја.Вандализмот врз споменици на македонската историја наидува на се поголема осуда од граѓаните, а денеска група на жени си покренале и иницијатива за чистење на Портата.
-Млади сте на вас останува државата, ние веќе поминавме, ама вие треба да бите многу силни и да го издржиме ова. А ние повторно ќе се собираме и ќе бришеме. Како они што наоѓаат средства да фарбаат, да валкаат и да плукаат по нашата Македонија, така и ние ќе најдеме да избришеме, велат жените кои самоволно и доброволно се организирале за ваква акција.
-Самоволно и доброволно се организиравме бидејќи преку глава ни е од ова што го гледаме. Ова е срамота и греота. Дали дома вака прават? Кој сака, што сака нека прави, која сака партија, тоа е нивни проблем , ама ова е греота. Срамота и брука е. Што ќе им оставиме на децата, ова да го гледаат?
Инаку, Порта Македонија не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место- антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември.
Вандализмот врз споменици на македонската историја наидува на се поголема осуда од граѓаните, а денеска група на жени си покренале и иницијатива за