Фото: Во македонско пакување на кафе е најдена одвратна бубачка

Наместо уживање во утринското кафе, бубачка најдена во внатрешноста на пакувањето од кесичката со кафето им приредила непријатно изненадување. Ваквиот ужас го згрозило охридското семејство кое отворајќи го штотуку купеното кафе видело тазе бубачка, пренесува Вечер.- Среќа што беше веднаш на површината и се забележуваше со голо око. Рокот на употреба беше во ред. Сликата навистина е грозна. Само што го отворив кафето, ми се згади. Не знам како е можно толку грозна работа да биде во нешто што го пиеме. Од тој ден веќе не можам ни да помирисам кафе, вели охриѓанецот кој не знаејќи каде да се упати, најпрвин пријавил во Организацијата за заштита на потрошувачите.
Компанијата којашто врши производство на кафето купено со бубачка вели дека немало шанси тоа да биде вистина. Процесот за преработка бил затворен, а печењето на 200 степени.

– Сигурно тоа ни е подметнато од конкуренцијата, вели управителот на фирмата која 15 години е на македонскиот пазар и најави тужба за оние кои сакале да го оцрнат името на фирмата.
Но, ова е само еден од бројните случаи кога во разни производи можат да се најдат бубашваби, лебарки, мравки, муви, делови од глодари….. Направивме анкета и бевме навистина изненадени од тоа што се доживеале граѓаните при купување одреден производ. Лебарка во кифлата, куп црни бубачки во лебот, мравки во палената, спојница во леб… Сите тие пријавувале, но никој потоа не ги известил за тоа какви мерки презеле инспекторите од Агенцијата за храна.
Извор: МКDnews- Среќа што беше веднаш на површината и се забележуваше со голо око. Рокот на употреба беше во ред. Сликата навистина

Пронајдете не на следниве мрежи: