ФОТО: Во Северен Ирак се прават обиди за спасување на најмладите од крвожедноста на ИСИС!

Повеќе од 400.000 бегалци од Ирак, во изминатиот месец нашле засолниште во Ирбил. Повеќето од нив се етнички и верски малцинства, меѓу кои се наоѓаат Јазидите и Христијаните. Овие луѓе бараат начин како да си ги спасат главите, со оглед на тоа дека крвожедноста на ИСИС ги надминува сите граници.Уште од моментот кога ИСИЛ влезе во Мосул, сите оние кои не сакаат да преминат во ислам се осудени на смрт или на бегство од своите родни огништа.
„Бегавме од ИСИС, буквално не земајќи никакви лични работи со нас“, рече Раџа Фарух Раед. „Трчавме само за да избегаме“. Мајката на четири деца се жали дека нема лекови за најмалото дете, како и доктори кои би можеле да му помогнат. Не се знае што ќе се случи со детето кое има проблеми со дишењето, со оглед на тоа дека буквално од се` се отсечени.
„Не ни останува ништо друго, освен да се молиме“, велат луѓето.

САД изврши неколку воздушни напади врз силите на ИСИС надвор од Ирбил и пушти неколку пакети за да им помогне на луѓето кои се жртви на потенцијален геноцид.
Вниманието на светот е фокусирано на илјадниците Јазиди кои се заробени во планината Синџар, но и ситуацијата во Ирбил не е стабилна.
На прашањето што би направиле доколку силите на ИСИС влезат во градот и дојдат до нив, овие луѓе со кнедла во грлото изјавуваат дека веќе нема да имаат сила за бегање и дека би се согласиле да бидат убиени.
Малку постарите деца ги слушаат вкавите изјави и немирно се движат низ прифатилиштето…
Уште од моментот кога ИСИЛ влезе во Мосул, сите оние кои не сакаат да преминат во ислам се осудени на смрт или на бегство од своите родни огништа.

Пронајдете не на следниве мрежи: