Фото: Во што се маскираа Заев и неговата сопруга?

Loading...

Струмичкиот карневал започна вчера, со прогласување на Дени Делев и Верица Милушева за принц и принцеза, кои вечер ќе ја предводат триилјадната интернационална поворка под маски на традиционалниот Струмички карневал.
Со синоќешниот маскембал во хотелот Сириус официјално почна годинашниот Струмички карневал 2013. Учесниците на маскембалот за принц и принцеза на карневалот ги избраа Дени Делев и Верица Милушева кои заедно со кралот, актерот Ване Крстев, ќе ја предводат интернационалната карневалска поворка.
Според претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал 2013, Александар Цицимов, ќе има над 2.500 домашни и околу 650 учесници.
„Свое присуство на карневалот најавија 26 екипи од соседните земји, а за првпат на карневалот ќе настапи и група од збратимениот град Гроједски од Полска. Традиционално почетокот на карневалот ќе го означиме со величествен огномет, а карнеласката поворка ќе се движи по традиционалната маршрута и ќе можат да ја видат сите кои вечерва ќе бидат дел од големата веселба под маски која ќе трае до раните утрински часови“, рече Цицимов.
Знаете ли во што се маскираа Зоран Заев и неговата сопруга? Заев беше маскиран како „оган“, а неговата сопруга Зорица во „мраз“. 

Тој вели дека Струмица е подготвена и со широко отворено срце ќе укаже добредојде на сите љубители на карневалот.
„Се надевам дека снегот кој падна ќе биде повод за уште поголемо дружење и веселба. Знам дека сите хотелски капацитети во струмица се исполнети и гостите барат сместување во соседните градови. И годинава очекуваме голема посетеност не само од домашни, туку и гости од соседна Грција и Бугарија“, истакна Заев.
Животот во Струмица вечерва ќе бие во ритамот на музиката, а маската е влезница за уживање во струмичките локали, како и на централната забава во подземното паркиралиште на плоштадот „Гоце Делчев“.Струмичкиот карневал започна вчера, со прогласување на Дени Делев и Верица Милушева за принц и принцеза, кои вече

loading...