ФОТО: Војната ја остави оваа земја во темнина!

Сателитските снимки се едни од показателите за тоа колку е Сирија уништена за време на четиригодишниот конфликт. Поголем дел од земјата е во мрак, пишува Independent.Дури 83 отсто од светлата се изгаснати во таа земја од почетокот на војната, тврдат научниците од Универзитетот Вухан, во Кина.
Неверојатни 98 отсто од градот Алепа е во мрак.
Имено, анализата на сателитските фотографии направени над Сирија, откри дека земјата во текот на ноќта е за 83 отсто потемна, отколку пред војната. Една од главните причини за тоа е и распространетата миграција.
Во темнина се улици, училишта, болници… Единаесет милиони цивили се иселени поради конфликтот во кој се убиени повеќе од 200.000 луѓе. Околу 75.000 починале минатата година, која беше и најкрвавата досега.
„Четири години од почетокот на кризата, а луѓето во Сирија се во темнина: живеат во немаштија, страв, жалење по загубените пријатели и земјата која некогаш ја познавале“, изјавил поранешниот министер за надворешни работи, Давид Милибанд.Дури 83 отсто од светлата се изгаснати во таа земја од почетокот на војната, тврдат научниците од Универзитетот Вухан, во Кина.
Неверојатни

Пронајдете не на следниве мрежи: