Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев”, информираат од СВР Скопje.Се работи за 60-годишно машко лице, возач на авотомобилот „фиат пунто”, кој им подлегна на повредите.
Според полицијата, утринава во 9:50 часот, прво дошло до судир на автомобил „фиат пунто” и „цитроен”, двете возила со скопски регистерски таблички, по што „пунтото” се забило во оградата на мостот и останало да виси. Возачот подоцна беше извлечен од страна на противпожарната бригада, а Брзата помош се обиде да го реанимира.
Полицијата ври увид на местото на настанот. Идентитетот на загинатото лице ќе биде објавен подоцна.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.Се работи за 60-годишно машко лице, возач на авотомобилот „фиат пунто”, кој им подлегна на повредите.
Според полицијата, утринава во