Ракометарот на Металург во иднина ќе може да го носи дресот на македонската ракометна репрезентација.Ренато Вугринец, кој неодамна доби македонски пасош, во иднина и официјално ќе може да настапува за македонската ракометна репрезентација, откако доби дозвола од Извршниот комитет на ИХФ.
Интернационалната Ракометна Федерација со допис до Ракометната Федерација на Македонија испрати потврда дека Вугринец може да настапува во дресот на македонската ракометна национална репрезентација.
За потсетување, РФМ испрати барање за Вугринец уште пред ЕП во Данска, но тогаш право за настап доби само Немања Прибак.
Прочитајте и видете ја фотографијата на спорт365.Ренато Вугринец, кој неодамна доби македонски пасош, во иднина и официјално ќе може да настапува за македонската ракометна репрезентација, откако д