Фото: XXL некогаш и сега

XXL беше женската поп група која ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2000-та година во Стокхолм, Шведска.
Четирите пријателки од детството Марија Николова, Росица Николовска, Ивона Џамтовска и Верица Каранфиловска настапија со песната насловена „100%“ те љубам“ која си доби и англиска верзија, „I love you 100%“. Авторот на оваа втората верзија, изјави дека девојките посветиле толку многу внимание на изгледот, кореографијата и настапот, што ги занемариле вокалните способности, па токму тоа придонело за лошиот резултат. Сепак, споредено со сите останати настапи на Македонија на ова натпреварување, нивното 15-то место и не е така лошо за нас.
Иако четирите девојки настапија со песна која првично беше наменета за детски фестивал и целата јавност се сомневаше околу нивниот пејачки капацитет како и сценско искуство за настап на евровизиската сцена која ја доживувавме како нешто страшно и претерано сериозно, сепак тие беа таму, отпеаја и станаа наши музички херои. Отворете ги старите споменари, дневници и потсетете се дека речиси секој од нас ги запишал овие девојки во графата наменета за „омилена музичка група“.

Но, каде се тие денес? Ниедна од нив нема допирна точка со музиката. Според последните информации, Верица која заврши Филолошки факултетет, работи  во Катар, Росица заврши Педагошки факултет и е во брак, Марија е правник во Комерцијална банка, а Ивона која е омажена веќе три години, работи во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и има син. Иако како група се распаднаа, тие се‘ уште се блиски пријателки. За тоа говори и ангажираноста на Ивона и Марија околу свадбата на Росица која беше во мај.Веројатно никогаш повторно нема да се обединат, но заразниот рефрен од „100% те љубам“ сигурно ќе го паметиме уште долго.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 
 XXL беше женската поп група која ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2000-та година во Стокхолм, Шведска.

Пронајдете не на следниве мрежи: