Откако јавно излегоа документите со имињата на пратениците кои дале поддршка за територијалната поделба на Македонија в 2004-та година, се појави и името на новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Од документите јасно се гледа дека тој го дал својот глас за поддршка на територијалната поделба на Македонија во 2004 година, а при гостувањето во емисијата „Патот кон..“ на Алсат телевизија тој се спротистави на консензусот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за коалиција во Струга и Кичево.
Заев завчера ги напушти претходно договорените позиции и се огради од коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во овие два града, но ова не е првпат Заев да се откаже од Струга и Кичево, бидејќи тоа веќе го сторил еднаш во минатото.
Интересно е да се напомене дека новиот лидер на СДСМ и струмички градоначалник, имал ист став околу ова прашање и при референдумот за Територијална определба од 2004 година, кога го поддржал овој Закон кој подоцна се покажа како погубен за Македонците од Струга и Кичево.
Тој на Алсат телевизија посочи дека политиката на патриотизам е погубна за СДСМ.
„Обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, ќе набројам неколку, законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат на нас социјалдемократите“, рече Заев.
Со територијалната поделба во 2004 поддржан од Заев и неговите сопартијци, на Струга и се додадоа Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково. Со овие промени Албанците во Кичево и Струга станаа доминантна етничка заедница. Референдумот против новите општински граници не успеа. Мнозинството граѓани гласаа против измените, но не беше постигнат неопходниот процент на излезност од 51 отсто. Тогашната владеачка гарнитура предводена од СДСМ, го отфрли референдумот со кампањата “Некои прашања не заслужуваат одговор”.
Покрај Заев, според документот до кој дојде Курир може да се види дека Законот за територијална определба во 2004 година го поддржал и актуелниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.
Откако јавно излегоа документите со имињата на пратениците кои дале поддршка за територијалната поделба на Македонија
Пронајдете не на следниве мрежи: