Фото: Заледено езеро, а во него мистерија стара 2800 години која ќе ви ја заледи крвта

Езерото Рупканд во Индија се наоѓа на 5.029 метри надморска височина, и е откриено пред околу 70 години. Станува збор за глечерско езеро кое поради положбата воглавно е заледено, но кога ќе се стопи открива страшна историја која се одиграла на ова место пред 2800 години.Кога ледот на езерото Рупканд ќе се стопи, и водата ќе се повлече, тоа открива човечки костури. И тоа многу костури. Долго време не било познато потеклото на овие скелети, но постоеле многу теории.
Некои верувале дека овие скелети му припаѓаат на кашмирскиот генерал Зоравор Син  и неговите луѓе кои исчезнале на Хималаите во 1841 година враќајќи се од Тибет.

Бидејќи било докажано дека коските се многу постари, се појавиле и нови претпоставки. Едно од нив било дека станува збор за коски на војската на индискиот војсководец Мухамед Туглак која во 14 век е поразена од Кинезите во борбата за граница на Хималаите.

Кога се утврдило дка се постари и од тоа, се појавиле верувања дека коските на овие луѓе кои почиваат во езерото се резултат на некаква епидемија која ги зафатила народите или пак дека тие биле жтртви на ритуални самоубиства.

Дури пред десет години тим на научници успеале да утврдат што навистина се случило на езерото Рупканд далечната 850 година пред новата ера.  На черепите, истражувачите пронашле пукнатини кои укажуваат на насилна смрт со удар во главата.

 
Единствено решение на антрополозите кое им паднало на памет е дека овие луѓе пред 2800 години настрадале во страотно невреме со силен град.
Во реконструираната верзија на случувања, околу 500 припадници на култот Нанда Деви дошле на езерото во потрага по свеже вода. Тука ги начекало невреме од кое немале каде да се сокријат. Настрадале од ударот на голема топка лед во глава, а ледот во езерото ги зачувал некои од телата до таа мера што тие на себе и понатаму имаат недопрена облека и коса.Кога ледот на езерото Рупканд ќе се стопи, и водата ќе се повлече, тоа открива човечки костури. И тоа многу костури. Долго време не било познато по

Пронајдете не на следниве мрежи: