ФОТО: Запознајте ја „најсреќната фока на светот“

Оваа фока е прогласена за најдруштвената фока на светот. Со своето позирање пред камерите ја освои скоро цела планета.Авторот на фотографијата, Ник Блејк, вели дека насмевката на веселата фока топи и ледени срца, а ја фотографирал на пет метри под површината на водата во близина на островот Ланди во Бристолскиот канал.
Оваа фотографија освоила златен медал на натпреварувањето за најдобра подводна фотографија, а на ова место инаку живее колонија од околу 180 диви фоки.
Блејк вели дека во текот на фотографирањето најмногу уживал во друштво на младенчињата кои биле најразиграни и највесели.
„Колку повеќе време минувате под вода со нив, тие стануваат поинтересни. Секогаш има една која е највесела и сака да си игра со вас и вашата опрема“ – вели фотографот.

Congratulations to Nick Blake who won Gold in an underwater photography competition for this photo of a #Lundy seal pic.twitter.com/OOu99TSVkk
— The Landmark Trust (@LandmarkTrust) March 29, 2016
Авторот на фотографијата, Ник Блејк, вели дека насмевката на веселата фока топи и ледени срца, а ја фотографирал на пет метри под површината на вод

Пронајдете не на следниве мрежи: