Според мапата на светот на која се претставени сите земји прикажувајќи во што се најдобри, а објавена на страницата Догхаус дајрис (Doghouse Diaries), Македонците не можат да се пофалат со нешто за што ги бива. Македонија ја има на картава, ама нема категорија во која предничи. Дали тоа треба д ане загрижи?Мапата на светот што е објавена на страницата Догхаус дајрис покажува која земја во светот во што е најдобра, па ќе најдете многу корисни информации од типот, на пример, каде има најголем број шимпанзи (Конго), каде е најдобар животниот стандард (Ирска) или каде населението користи најголема азбука (Камбоџа).
Објаснето е во што земјите предничат, тоа некогаш се позитивни работи, а некогаш негативни, а во некои случаи и смешни.
„Картата покажува во што е најдобра секоја држава во однос на другите“, објаснува уметникот на оваа мапа.“
Србија е претставена како најдобра во светот за ватерполо, во Босна постои најголема веројатност да нагазите на мина, додека во Словенија има најмногу коцкарници.
На мапата се гледа и Македонија, ама нема никакво објаснување за неа, односно не предничи во ништо. Ако е за некаква утеха, истото се однесува и на Црна Гора и Албанија.
Инаку, авторите нагласуваат дека податоците според кои е изработена картата се преземени од Википедија.
Погледнете ја мапата:
Мапата во вистинска големина можете да ја погледнете на следниот ЛИНКМапата на светот што е објавена на страницата Догхаус дајрис покажува која земја во светот во што е најдобра, па ќе најдете многу корисни информаци
Пронајдете не на следниве мрежи: