Фото: Завршила во затвор бидејќи се вознемирувала сама себе си на интернет

Интернет страната „Метро“ објави дека една Англичанка стана првата личност во светот која е казнета со затвор, затоа што сама себе се вознемирувала преку Интернет.Мишел Чепмен (24) од градот Пар во Корнвол, осудена е на 20 месеци затворска казна откако е утврдено дека направила лажни профили на својот татко и маќеа на Фејсбук и од нив себеси си испраќала вознемирувачки пораки.
Чепмен потоа се жалела на полицијата за вознемирување и како доказ им ги покажала пораките.
Судот во Труро во Корвол слушнал дека нејзините потези довеле до тоа дека невините луѓе бидат испитувани во полицијата, па и до развод на бракот на нејзиниот татко.
Судијата Кристофер Кларк, осудената ја опиша како „откачена“.
Чепмен една година поминала „тролајќи“ се сама себе, а тоа го утврдиле експертите кои откриле дека се профилите на Фејсбук се направени со адреси од нејзиниот компјутер.
Таа не била во контакт со татко и 21 година, а кога конечно се сретнале, се скарале, поради што Чепман се одлучила да се одмазди.

Сопругот и бранителот на Чепмен изјавија дека таа не е ментално стабилна и дека не ги разбира последиците на своите дела.
– Таа е жртва, таа има ментални проблеми и тоа беше само повик за помош. Тоа се случува кога ви е очајнички потребна помош, рече нејзиниот сопруг, Глин Чепмен (57).
Чепмен и порано била на суд поради слични дела, но тогаш поминала само со предупредување.Мишел Чепмен (24) од градот Пар во Корнвол, осудена е на 20 месеци затворска казна откако е утврдено дека направила лажни профили на својот татко и

Пронајдете не на следниве мрежи: