Фото: Жерновски предлага скандалозна седница на совет

Новиот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, одзема пари кои се предвидени за училиштата и градинки, а наспроти ова предложува зголемување на буџетот за изградба на фасади во Центар. Покрај неговите жалби дека општината нема пари и е во банкрот, тој го зголемува бројот и сумата предвидена за привремени вработувања.

Претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ закажа седница на советот за петок, седми јуни. На седницата како предлог на дневен ред има повеќе скандалозни точки на дневен ред со кој се предвидува, укинување, преструктурирање и прераспределба на средства од буџетот и повеќе тековни програми, како и предлог одлуки за ставање на вон сила на ДУПОВИТЕ – Голем Ринг Исток, Голем Ринг Запад и Централно зеленило покрај река Вардар – јужен дел за што нема никаква законска основа и преставува правење на кривично дело.
Според документите до кои дојде Курир, на седницата се предвидува одземање на средствата наменети за изградба на училиште и градинка во населба Капиштец во висина од 42 милиони денари. Тој ги одзема веќе наменетите средства за изградба на ново основно училиште во висина од 7. 500. 000 денари. И средствата во висина од 34. 500. 000 денари за изградба на градинка. Жерновски иако им вети на граѓаните на Капиштец ново училиште и градинка нема да го исполни.

За сметка на ова и вакви слични кратења Жерновски од друга страна предлага зголемување на буџетот за изградба на фасади во Центар. Па така, од 28. 600. 000 денари ја зголемува планираната сума за реконструкција на фасади на 39. 100. 000 денари за одредени згради, и од 28. 000. 000 на 38. 000. 000 денари за други згради во општина Центар.

 

Но тоа не е се, Жерновски во исто време додека се жали дека буџетот на општина Центар нема пари, го зголемува бројот и сумата предвидена за привремени вработувања. Па така во предлог измените на буџетот на Центар наместо предвидените 7. 250. 000 денари, ќе се потрошат 13. 250. 000 денари. Ова отвора и сомнеж дека Жерновски ќе ја наполни администрацијата на Центар со партиски војници.

Има и други небулози во точките на дневен ред, како на пример, предлог одлуката за донесување на акционен план за енергетска ефикасност за општина Центар каде се предвидува замена на уличните светлики во Центар со енергетски ефикасни со средства обезбедени од кредит, а притоа се наведуваат однапред банките од каде може да се земе кредитот што говори за нетранспарентност и отвора сомнеж за корупција. Со ова се отвора прашањето од каде Жерновски однапред знае која банка ќе понуди најповолен кредит?
На крај, скандалозната седница би требало да заврши со предлог одлуки за ставање на вон сила на ДУПОВИТЕ – Голем Ринг Исток, Голем Ринг Запад и Централно зеленило покрај река Вардар – јужен дел за што нема никаква законска основа и преставува правење на кривично дело.

Предлог одлуките за укинување на ДУП-овите се неуставни и незаконски бидејќи уставноста и законитоста на сите прописи според Уставот на РМ ја оценува само Уставниот суд на РМ, пропишано според член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија..
Според тоа може да се заклучи дека во правниот систем на РМ, Совет на општина има надлежност да донесува Одлуки за донесување на урбанистички планови, а не и одлуки со кои се ставаат вон сила донесени урбанистички планови и само Уставниот суд на Република Македонија може да укине одлука на совет со која е донесен урбанистички план, доколку истиот не е во согласност со Устав и закон.
Согласно член 62 став 2 од Законот за Градење, органот кој издал одобрение за градење кое е огласено за ништовно ги сноси трошоците за враќање на просторот во состојбата во која бил пред издавањето на одобрението за градење, а инвеститорот има право на надомест на штета и надомест на изгубена добивка од органот.
Во овој случај, поради плаќање на пенали кон инвеститорите, општина Центар може да прогласи банкрот.

 
 Новиот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, одзема пари кои се предвидени за училиштата и градинки, а на

Пронајдете не на следниве мрежи: