Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, во пресрет на Европското првенство (ЕП) во Словенија (4-22 септември) направи уште една тетоважа наречена „Македонски воин“, која би требало да биде еден вид дополнителна мотивација за него и за соиграчите во обидот да се одбрани четвртото место од пред две години во Литванија.Фотографијата од тетоважата ја постира самиот кошаркар преку „Инстаграм“, а истата почна да ја прави пред повеќе од еден месец.
Антиќ важи за вљубеник во тетовирањето и речиси нема дел на неговото тело што не е истетовиран. Покрај имињата на неговите синови, логовците на навивачките групи на екипите на Црвена звезда и Олимпијакос, почесно место зазема и македонското знаме истетовирано на неговите гради.
Повеќе фотографии погледнете на mkd-news.comФотографијата од тетоважата ја постира самиот кошаркар преку „Инстаграм“, а истата почна да ја прави пред повеќе од еден месец.