Руските инспектори за заштита на животната средина се обидуваат да утврдат зошто реката во близина на индустрискиот комплекс Норилск Никел поприми боја на крв. Фотографии од реката Далдикан беа објавени во руските медиуми.Некои од медиумите наведуваат дека промената на бојата на реката е прeдизвикана од фрлање отпад од фабрика за преработка на никел, во кој се наоѓа висока концентрација на тој метал и бакар.
Норилск Никел е инаку најголемиот производител на никел и паладиум во светот.
Неговите огромни печки се поставени на полуостровот Тајмир во Сибир уште во советско време.
Сепак, од фабриката велат дека не биле свесни за тоа дека било каков вид отпад се испушта во реката. Претседател на компанијата е милијардерот Владимир Потањин.
Некои од медиумите наведуваат дека промената на бојата на реката е прeдизвикана од фрлање отпад од фабрика за преработка на никел, во кој се наоѓа