Полицијата во Ајдахо трага по човекот кој успеа да го извлече возачот од автомобилот кој висел на раб од провалија.Несреќата се случила вчера околу осум часот во Луистон, на нагорница кај кањонот Брајден.
Возачот Метју Ситко (23), со огромна брзина поминал низ еден двор и преку тремови пред да налета на ограда од жица. Оградата некако го задржала возилото, кое останало да виси на работ од карпата. Во тој момент се појавил мистериозниот спасувач.
Со камен успеал да го скрши прозорецот од автомобилот и го извлекол момчето. Кога го одвлекол на сигурно, набрзо повикал полиција и брза помош.
„Рече дека мора да си оди“, изјавил полицаецот.
Повредениот возач е однесен во болница, каде што се опоравува од полесни повреди. Сведоците велат дека Ситко возел неконтролирано и дека нагло свртел за да избегне друг возач кога се случил судирот.
Истрагата е во тек.
„Добро утро на сите! Денеска Бог ме благослови. Ти благодарам Боже и Исусе што се грижите за мене. Ве сакам!“, напишал Метју Ситко набрзо по несреќата.
Несреќата се случила вчера околу осум часот во Луистон, на нагорница кај кањонот Брајден.
Возачот Метју Ситко (23), со огромна брзина помин