Фотографијата на која може да ја видите Кели Котл додека на грб го носи својот сопруг, поранешен американски маринец кој останал без двете нозе додека учествувал во војната со Авганистан, стана апсолутен хит на Фејсбук и допре до секое срце.Џеси пред три години ја изгубил ногата додека се обидувал да демонтира експлозивна направа во Авганистан.
Неговиот инвалидитет Кели, која е професионален пливач, го прифатила без проблем. Фотографијата која ќе допре до секое срце е направена неодамна додека биле на посета на нејзиното семејство.
„Се фотографиравме семејно и фотографот Сара Ледфорд предложи да влеземе во вода. Му реков да ја тргне протезата и го ставив на грб бидејќи така обично шетаме кога сме на плажа. За нас е сосема нормално“-вели Кели.
Фотографијата на Фејсбук беше објавена од страна на Сара, сите биле воодушевени и за кратко стана хит на интернет.
„Цел свет го сака овој пар, а нивниот живот е многу инспиративен“-вели Сара.Џеси пред три години ја изгубил ногата додека се обидувал да демонтира експлозивна направа во Авганистан.