Фотографија од мајка и бебе во креветче крие тажна приказна која ќе натажи многумина

Кога среде ноќ  ќе ве разбуди плачот на вашето бебе дали веднаш одите да проверите за што се работи или сте склони на тоа да го оставите бебето  едноставно да се исплаче и  да заспие?Некои родители откако  ќе ја прочитаат  оваа прекрасна приказна која се крие зад оваа фотографија на која мајката цврсто спие со својата ќерка во креветче, ќе преиспитаат некои  свои методи.
Фотографија на својот фејсбук профил ја објавила Дејна Магер, фотографка од Мичиген, а фотографијата поради многу добра причина набрзо  се проширила на интернет.
Фотографијата ја направил нејзиниот сопруг, Мет кој  Дејна и  нивната петмесечна ќерка ги нашол, откако  се вратил од работа, како  спијат заедно  во креветчето.
„се сетив  дека на ќерка ми и дадов едно ветување откако силно ме допре приказна која мојот  сопруг ја слушнал на една добротворна вечера од еден мисионер“м напишала Дејна покрај фотографијата.
„Поради таа приказна и  ветувањето без размислување се вовлеков во креветчето  за да ја утешам поради запчињата кои ја болеа, да ја спречам нејзината тага и солзи.

 
Мисионерот зборувал за  своето искуство  во едно сиропиталиште во Уганда каде при посета на јасли со повеќе од стотина бебиња  доживеал нешто многу невообичаено и нешто многу, многу тажно.
Во просторијата каде што биле наредени  најмалку стотина креветчиња со бебиња, а покрај толку  многу  малу души  не чул ни глас. Ништо. Тишината била загушлива. Секако  дека веднаш се запрашал зошто бебињата  не плачат. Откако  бебињата ќе ги донесат овде тие плачат. Плачат со  часови и со денови, секако, но  по недела дена, откако  никој  не им пружа утеха, бебињата  едноставно престануваат  да чекаат и  да бараат  внимание.
„Тоа ме скрши. Буквално почувствував како  срцето ми пука од тага откако  ја слушнав таа приказна. И таа вечер, откако  легнав покрај своето бебе цврсто го прегрнав, и ветив и  нејзе и себе. Тивко и  цврсто. И  ветив дека секогаш ќе бидам тука за неа. Ќе и покажам дека солзите, стравот и  фрустрациите се нормални  чувства. Во ред е да плачеме, во ред е да чувствуваме и потполно  е во ред да ги покажеме своите чувства. Ќе ја научиме дека секогаш ќе бидеме  со неа и  ќе и  пружаме сигурност. Нема да се жалиме за непреспаните ноќи и  плачот“.
Откако  ја објавила фотографијата  и оваа силна приказна  која стои зад неа, нејзината објава ја лајкувале 117.000 луѓе и повеќе од 86.000 родители ја споделиле, кои  очигледно останале трогнати од оваа тажна и за жал вистинита приказна Некои родители откако  ќе ја прочитаат  оваа прекрасна приказна која се крие зад оваа фотографија на која мајката цврсто спие со својата

Пронајдете не на следниве мрежи: