Фотографијата на оваа жена добила повеќе од 16.000 лајкови, а може да ви го спаси животот

Мелани Вилијамс (36) објавила фотографија на Фејсбук која би можела да ви го спаси животот. Таа мислела дека има габична инфекција на палецот за потоа да дознае дека се работи за најлошиот кошмар.Вилијамс споделила фотографија со објаснување: „Го гледате ли тоа на мојот палец. Знаете ли што е тоа. Тоа е рак на кожа“, објаснила.
Таа објаснила зошто одлучила да ја сподели својата мака.
„Можеби не би била во проблеми доколку веднаш отидев на доктор. Не сакам повеќе сожалување, сакам да ви ја променам совеста. Ве молам проверете ги сите израстоци на кожата и кажете им на луѓето околу себе да ги контролираат. Не ги препуштајте на случајот“, напишала таа.
Вилијам додала дека доколку почекала уште малку ќе изгубела многу повеќе од палецот.
„Ве молам не оставајте коментари за тоа колку сум храбра или колку ви е жал. Споделете го ова. Можеби некому  ќе му го спасите животот“, рекла младата жена на која ќе  ѝ отстранат дел од палецот.
Фотографијата од нејзиното предупредување е споделена безброј пати и има повеќе од 16.000 лајкови.Вилијамс споделила фотографија со објаснување: „Го гледате ли тоа на мојот палец. Знаете ли што е тоа. Тоа е рак на кожа“, објаснила.

Пронајдете не на следниве мрежи: