Шер Институтот за вештачко оплодување, на својата Фејсбук страница објави фотографија која натера илјадници луѓе искрено да пуштат солза. Имено, на фотографијата се гледа бебе окружено со стотици шприцеви кои мајката ги користела за да го добие, но го прикажува и сето она низ што морала да помине мајката низ процесот на оплодување.Д-р Молина Дајал, рекла дека на фотографијата не се прикажани сите залихи на инјекции кои мајката ги добивала за да забремени, бидејќи ги има во поголем број.
Анџела, мајката на бебето, сакала само да им пружи поддршка на сите мајки и да им каже само еден збор, а тој е да „издржат“.
„Иглите беа најлесен дел од процесот. Тоа повеќе е емотивна борба, со многу подеми и падови. Веќе подолго време сум сама и чекам да ми се појави вистинскиот. А тогаш, по некое време ми беше тешко и да забременам, па одлучив да одам на оплодување“ – изјавила Анџела за ABC News.
За само два дена, фотографијата ја погледнале и споделиле преку половина милион луѓе, а исто така, таа инспирирала стотици мајки да ги споделат своите патувања низ вештачкото оплодување.
„Близнаците кои ги добив преку вештачко оплодување денес имаат 13 години. Вредат за секоја инјекција, секоја процедура низ која поминав, секој километар што го поминав за да дојдам до клиниката“ – напишала една мајка на Фејсбук, додека друга додала дека „секое вадење крв, секое апче, секој момент – вределе“.
„Колку е моќна фотографијата. Ме тера да заплачам. Ние поминавме низ два ИВФ циклуси и сѐ уште не донесовме бебе дома“ – напишал друг корисник.
Овој Институт има свои страници во Америка и Европа, а како што тврдат самите, тие на свет донеле 18.000 бебиња.Д-р Молина Дајал, рекла дека на фотографијата не се прикажани сите залихи на инјекции кои мајката ги добивала за да забремени, бидејќи ги има во по