Фото:Холивудски актерки со балканско потекло

Во Холивуд се популарни, успешни и познати, а нивните корени сепак се од Балканот. Погледнете ги најпознатите актерки кои докажаа дека и Балканот има со што да се пофали:
Џенифер Анистон

Таа е една од најпосакуваните и најпознатите актерки во Холивуд. Сепак нејзните корени потекнуваат од Балканот.  Поточно нејзнината мајка е со италијанско-шкотско, а татко и со грчко потекло. Краток дел од своето детство актерката поминува во Грција.
Мила Јововиќ

Мила Јововиќ како што и самото презиме ја издава има потекло од Балканот. Актерката која е позната по голем број филмови е родена во Киев, но нејзиниот татко е српски доктор, додека нејзината мајка е руска глумица. Тие се преселиле во САД кога Мила имала само пет години.  
Нина Добрев

Нина Добрев е родена во Софија, но на две години се преселила заедно со семејството во Торонто, Канада. На почетокот од својата кариера работела како модел и била рекламно лице, а потоа започнала да учествува на аудиции за различни улоги во филмови и филмски серијали. До денес, таа има играно во филмовите “Fugitive Pieces”, “Away from Her”, “Never Cry Werewolf”, како и во телевизиските серии “Degrassi: The Next Generation” и “The Vampire Diaries”.
Бојана Новаковиќ

Бојана Новаковиќ е австралиска глумица со српско потекло. Во Австралија се преселила кога имала само седум години. На 12 години ја добила првата улога, а на 15 за прв пат се појавила на филм. Има снимено голем број популарни филмови како „Drag me to Hell“, „Edge of Darkness“, „Big Sky“ и други.
Катерина Радивојевиќ

Српска глумица, која својата слава ја постигна во филмот „Зона Замфирова“. Катарина има дипломирано на факултетот за Драмски уметности во Белград и исто така е активна актерка и белградскиот театар. Покрај „Зоне Замфирова“ , има играно и во многу телевизиски серии како и во филмот „Лавиринт“.
Марија Каран

Марија Каран е родена во Белград  во 1982 година. Со глума започнала да се занимава на свои 20 години, а станала позната во филмот „Јесен стиже дуњо, моја“. Имала свои улоги во филмовите „Кад пораснем бичу кенгур“, Седум и пол“, „The Rite“, „Dark Relic“..
Ивана Миличевиќ

Познатата глумица од „Casino Royal“ всушност има балканско потекло. Ивана Миличевиќ е родена во Сараево, Босна и Херцеговина, а на 5 години заедно со своите родители емигрирала во САД. Таа има играно во поголем број познати филмови како „Charlie’s Angles“, „ Love Actually “„Just Like Heaven “,„Running Scared “
Мелина Канакаредес

Познатата детективка од CSI:NY, всушност е гркинка. Таа е родена во Грција и одлично го зборува грчкиот јазик. Покрај криминалистичката серија глумеше и во „ The Practice “, „ Providence “,„Dangerous Beauty “..
Бранка Катиќ

Оваа српска глумица има завршано на Академијата за драмски уметности во Нови Сад. Денес таа е една од најпознатите глумици, а воедно и една од најплатените српски глумици. Со 15.000 долари заработени по епизода во серијата „Хаос“ таа остварува одлични приходи, но заработи и од филмовите што ги снимаше со Џони Деп, а ја очекува и улога покрај Тим Рот во филмот „Мобиус“, кој наскоро почнува да се снима. Денес таа живее во Лондон , каде е омажена за режисерот Жилиан Фариноа.
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во Холивуд се популарни, успешни и познати, а нивните корени сепак се од Балканот. Погледнете ги најпознатите актерки

Пронајдете не на следниве мрежи: