Скопјанецот кој пред неколку дена загина во Сирија Ниметула Имер односно Ниметула Ху (презимето преземено од неговата сопруга Кинеска) загинал со уште 68 други Џихадисти припадници на исламска група која како дел од Сириската опозиција започна света војна против Сирискиот претседател Башир ел Асад.
Сеуште нема прецизни информации дали се работи за ладнокрвна егзекуција или за воена пресметка но фотографиите до кои дојде република од невладини организации кои се занимаваат со хуманитарно право покажуваат десетина тела од сирискиот регион Лакатиа.
Според истите извори и Ниметула и другите борци кои од Македонија и целито Балкан заминуваат во Сирија најпрвин заминуваат во Германија а нив ги регрутирал скопскиот оџа Сами Абдулаху.Оџата бил човекот кој што исто така ги примал новодојдените борци во градот Алепо а имал чин командир на група. Абдулаху загина десетина дена пред Ниметула Ху.
Висок американски претставник пред неколку дена изјави дека падот на Асад ќе биде закана за САД затоа што постои опасност исламистите да дојдат до хемиското оружје на Асад и да го предадат на Ал Каеда.
Извор: republika.mkСкопјанецот кој пред неколку дена загина во Сирија Ниметула Имер односно Ниметула Ху (презимето преземено од негоСкопјанецот кој пред неколку дена загина во Сирија Ниметула Имер односно Ниметула Ху (презимето преземено од неговата сопруга Кинеска) загинал со уште 68 други Џихадисти припадници на исламска група која како дел од Сириската опозиција започна света војна против Сирискиот претседател Башир ел Асад.