Фото:Лазаров и Ангеловски на Ел Класико!

Кога играат Барселона и Реал Мадрид застанува светот. Се е концентрирано и насочено кон тие 90 минути без разлика дали се мечеви за првенствени бодови, за трофеј или не. Така откако си ја завршија работата во Ирун, ракометарите на Барселона имаа можност во живо да ги следат нивните колеги од најпопуларната и најбогата секција, фудбалската.Кирил Лазаров во друштво на неговиот пријател и репрезентативен колега Бранко Ангеловски, кој настапува во романската Констанца, уживаа во нивниот прв „Ел Класико„ во живо. Откако од „Висенте Калдерон„ имаше можност да ги следи и Реал Мадрид и Барселона, кога беше член на Атлетико Мадрид, сега во клубските бои Лазаров ја бодреше Барса.

Скоро 100.000 луѓе на најголемиот стадион во Шпанија следеа не многу квалитетно, но до крај неизвесно надигрување, во кое не изостанаа и спорните моменти и вообичаената полемика. Барселона го доби Реал Мадрид со 2:1 и се зацрврсти на врвот на табелата, исто како и ракометарите.
Лазаров и Ангеловски в недела се враќаат во Македонија и од понеделник ќе ја започнат ЕХФ неделата со националната репрезентација, која ќе кулминира со двата меча со Црна Гора во Струмица на 1 и 2 ноември.
Извор:republika.mkКирил Лазаров во друштво на неговиот пријател и репрезентативен колега Бранко Ангеловски, кој настапува во романската

Пронајдете не на следниве мрежи: