Фото:Македонија располага со најсовремена текстилна лабораторија

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски ја посети текстилната лабораторија инсталирана на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Лабараторијата е опремена од страна на македонската Влада за испитување на текстилни материјали. Можат да ја користат сите релевантни индустриски и неиндустриски фактори во републиката.
Ристовски излезе на терен да увиди како функционира лабораторијата и за што истата се користи.
Акредитацијата за лабораторијата е во тек, а истата веќе се користи од самото нејзино пуштање во употреба.
-Оваа лабораторија навистина егзистира со најсовремени методи за контрола на квалитет на текстилот од аспект на од суровини до финален продукт. Посебно во Република Македонија со оглед на фактот што текстилната индустрија е во континуиран раст, инвестирањето во оваа област е во континуиран раст, не само во форма на производство, туку и во увоз и извоз, значењето на лабораторијата е од исклучително значење, рече Ристовски.
Овде студентите имаат лабораториски вежби, а магистрантите и докторантите работат во неа интензивно.

 
Со помош на оваа лабораторија текстилната индустрија добива декларирање на сопствениот квалитет и потреба од нејзин извоз.
-Првата работа која е направена е испитување на текстилниот материјал за новиот Народен театар во Македонија. Ние со оваа лабораторија многу им помогнавме во изборот на материјали кои се имплементирани во театарот. Текстилната индустрија е заинтересирана, веќе се работи и има одреден број на компании кои имаат побарано да извршиме испитување. Такво барање имаме и од компании кои се бават со увоз, рече Деканот на факултетот, Александар Димитров.
За опремата во театарот, беше извршено тестирање на материјалите од доставувачите, па според квалитетот и цената беше донесена одлука која е најдобра опција.
Лабораторијата се повеќе почнува да се користи во комерцијални  цели. Ристовски очекува до крајот на ова лето да биде завршена комплетната постапка за акредитација за што е ангажиран консултант.
Владата за оваа лабораторија издвои 450.000 евра.

извор:kurir.mkЛабараторијата е опремена од страна на македонската Влада за испитување на текстилни материјали. Можат да ја користат сите релевантни индустриски и

Пронајдете не на следниве мрежи: