Полицијата ја прошири потрагата по тинејџер во Англија кој исчезнал минатиот четврток. Последната трага ја оставил на Твитер, а она што го напишал го загрижило семејството и неговите пријатели.
– Многу ми е жал што сите од кои барав помош, ми свртеа грб, напишал студентот Џејсон Фајлс (19) пред да исчезне.
Полицијата во разговор со пријателот, кој последен го видел Џејсон во Њукасл, дознала дека Џејсон конзумирал алкохол, а потоа се упатил кон куќата на Шон Пикок, кој во повеќе наврати го барал на телефон, пред да се појави пред неговата врата.
– Го видов дека е пијан и му понудив сместување. Тоа го одби и замина, рекол Пикок. Потоа уследил твитот кој ги вознемирил блиските на исчезнатиот. Откако исчезна, телефонот на момчето е ѕвони, но никој не одговара.
Семејството на Џејсон, мајката, таткото, братот и сестрата, секој ден, откако е пријавено неговото исчезнување, преку медиумите испраќаат порака: – Џејсон, многу те сакаме, само сакаме да го чуеме твојот глас и да знаеме дека си добро.
Извор: mkd-news.comПолицијата ја прошири потрагата по тинејџер во Англија кој исчезнал минатиот четврток. Последната трага ја оставил на