Фотошоп за разубавување на спомените

Ако случајно не знаевте, Фотошоп не служи само за разубавување на славните личности, туку може да послужи и за разубавување на спомените.
Имено, изминатава недела, една графичка дизајнерка на Reddit објавила фотографија и монтажа, за која добила нарачка од една огорчена мајка, која сакала од фотографијата да ја „исфрли“ поранешната сопруга на својот син. Семејството не можело повторно да се фотографира во истиот состав и амбиент, зашто еден од членовите на семејството починал. Дизајнерката одлучила нарачката да ја реализира на мошне интересен начин: наместо снаата на фотографија, уфрлила – шише пиво. И тоа толку успешно што станала вистински хит на социјалната мрежа Reddit.

 Ако случајно не знаевте, Фотошоп не служи само за разубавување на славните личности, туку може да послужи и за разубав

Пронајдете не на следниве мрежи: