Страшното невреме кое вчера го зафати скопскиот регион однесе 21 жертва, но се спасени повеќе од 1.000 луѓе. Сите екипи кои се задолжени со справување со последиците од невремето се на терен.На терен денеска беа и министерот за здравство и вицепремиер Никола Тодорв, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, придружувани од претставници од Владата и општина Гази Баба, ги посетија поплавените места.
Најпогодени од невремето се Стајковци и населеното место Економија. Поплавени домови, скрпени огради, уништени насади.
-Ќе бидат обезбедени поголем број на цистерни, како и лекови бидејќи поголем број на граѓани останаа без потребните лекарствава. Храна, облека и вода се исто така се потребни. Водата никако не смее да се пие од чешмите и бунарите, рече Тодоров.
Во училиштето „25 мај“ има храна и вода, а граѓаните од министрите беа информирани дека ќе бидат поставени и други клучни точки каде што ќе можат да се снабдат со вода, средства за хигиена, храна и облека.
-Храна и вода и облека ќе бидат донесени и во населено место Економија. Ќе исконтактирам и ќе договорам со екипите на Црвен крст, рече Спасов.На терен денеска беа и министерот за здравство и вицепремиер Никола Тодорв, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, пр