Сорос и СДСМ во друштво на нивните невладини организации, граѓански активисти, симптазери на опозицијата и вечерва се собраа пред Специјалното јавно обвинителство со цел да пристигнат пред Собранието на Република Македонија. Толпата повторно беше спречена од полицискиот кордон да се приближи до зградатана Собранието и повторно како и вчера својот агресивен и деструктивен порив го искали врз Портата Македонија. Хулиганите и вандалите поттикнати од СДСМ и поддржани од СОРОС ја оштетија „Порта Македонија” со боја и со недолични написи кои потсетуваат на едно сосема друго време, времето во кое е заглавен СДСМ: „Ова е народ“, „Грдо а скапо“, „Ружна ви е портата“, „Смрт на фашизмот, слобода на народот“, „Слобода наместо страв“, „Никад више ВМРО“.Овие луѓе веќе трети ден кршат, палат и демолираат се пред себе. Откако се на улиците, симпатизерите на СДСМ и СОРОС ја демолираа Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија на Рекорд и фрлаа јајца кон зградата на Владата, ги нападнаа Радио Слободна Македонија и редакцијата на неделникот Република, а два дена по ред ја демолираат Порта Македонија.
Исто така, хулиганите и деликвентите на СДСМ и СОРОС во своето дивеење по наредба на Заев немаат обзир кон ништо. Тие вчера го уништија симболот на децата-бегалци. Хулиганите на СДСМ го осквернавија симболот на децата-бегалци од Егејска Македонија, кој претставува значајна емоција на илјадници бегалци од Егејска Македонија.
Народот ќе одлучи каква боја ќе биде жуљов! #протестирам #п pic.twitter.com/xds3zFRtOh
— Дилдо Багинс (@ivogievski) April 16, 2016
Граѓаните се прашуваат дали изборот на овој споменик е случаен или, пак, хулиганите делуваат деструктивно по насоки дадени од партискиот врв, односно лично до Зоран Заев и на спроведување на сценариото кое го најави ексминистерот на СДСМ Љубомир Фрчковски за уривање на споменици од проектот Скопје 2014
Дадов насоки. Скопје прекрасно. Скопје е излезено цело денеска, нема никој од внатрешноста освен некој ако не запалил автомобил да дојде. Тоа е тоа во Скопје и тоа е убаво и бројките се 7-9 илјади, вели Заев во интервју во 24 Анализа на 24 Вести.
По завршувањето на протестот, Заев на својот ФБ профил напиша дека е горд на Скопје. Заев е горд што Порта Македонија е осквернавена од протестантите на СДСМ. Во текот на вчерашните протести, насилниците на СДСМ ја осквернавија Порта Македонија, а Заев со неговиот статус покажува дека не само што директно стои позади руинирањето на портата, туку и во насилните протести во кои дваестемина полицајци се повредени и уништена беше народната канцеларија на Иванов.
Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување, пишуваше Фрчковски во својата колумна.
Извор/Фото: РепубликаОвие луѓе веќе трети ден кршат, палат и демолираат се пред себе. Откако се на улиците, симпатизерите на СДСМ и СОРОС ја демолираа Народната ка
Пронајдете не на следниве мрежи: