Фото+Видео: Секојдневно јаде брза храна, затоа што има фобија од овошје и зеленчук

Една девојка од САД веќе 16 години секојдневно јаде брза храна, затоа што има сериозна фобија и страв од овошје и зеленчук.Феј Кембел има 21 година и иако звучи неверојатно, тежи само 58 килограми, а висока е 172 сантиметри.
Таа всушност пати од многу ретко нарушување кое се нарекува Лаханофобија – страв од овошје и зеленчук, а самата помисла на нив во неа всадува длабока паника и страв.
Нарушувањето и било откриено пред 16 години, откако мајка и ја однела на преглед на доктор.

Откако и бил дијагностициран проблем со дигестивните органи, кај Феј се развил и стравот заради кој таа чувствува паника и кога се наоѓа во близина на место каде што се готви овошје или зеленчук.
-Ми се лоши при самата помисла да јадам овошје или зеленчук, а мајка ми кога готви дома нешто такво, морам да излезам надвор, вели таа.

Единствениот зеленчук кој го јаде е компирот и тоа само ако е пржен во вид на помфрит или чипс.
Докторите велат дека сега Феј нема никакви здравствени проблеми, но додаваат дека во иднина можеби нема да биде така, потенцирајќи ја важноста секојдневно да се внесуваат свежи производи.

Феј Кембел има 21 година и иако звучи неверојатно, тежи само 58 килограми, а висока е 172 сантиметри.
Таа всушност пати од многу ретко нару

Пронајдете не на следниве мрежи: