Од 01.07.2005 година, со спогодба за превземање, Територијалната противпожарна единица од Прилеп со целокупното работење, имот и вработени премина во надлежност на Локалната самоуправа.Од 01.07.2005 година, со спогодба за превземање, Територијалната противпожарна единица од Прилеп со целокупното работење, имот и вработени премина во надлежност на Локалната самоуправа.
Во ТППЕ Прилеп вработени се 34 пожарникари, кои се распоредени во четири ПП одделенија кои што работат во смени со дежурство од 24/7 часа. ТППЕ ги покрива териториите на општина Прилеп со површина од 1.195 км2 со 59 населени места со 76.768 жители, општина Кривогаштани со површина од 97 км2 со 12 населени места со 6.150 жители и општина Долнени со површина од 430 км2 со 37 населени места со 13.805 жители или вкупната површина која ја покрива ТППЕ од Прилеп изнесува 1.722 км2 со 108 населени места и вкупно 96.723 жители.
Според статистиката што се води може да се види дека во текот на една година на територијата што ја покрива ТППЕ Прилеп се примаат од 450 до 550 пријави за настанати пожари и други непогоди. Само во 2016 година се примени 490 пријави за пожари и други непогоди од кои:
-197 се пријави за пожари на објекти со вкупна материјална вреднос од околу 7.555.500 денари
-141 се пријави за пожари на отворен простор (Шумски површини, земоделски површини и депонии) со вкупна површна од 237.35 ха
-28 се пријави за пожари на сообраќајни средства (патнички возила, товарни возила и земјоделски машини)
-44 се пријави за технички интервенции (сообраќајни незгоди, поплавени простории, спасување на лица од височини и длабочини и други слични интервенции)
-40 се пријави за други интервенции ( разни обезбедувања на објекти и настани, носење на вода до места каде има потреба и други слични настани)
-39 се останати пријави
Овие бројки може да варираат пред се во зависност од временските прилики.
Во периодот од 2006 до 2008 година Територијалната противпожарна единица,а со голема поддршка од страна на Локалната самоуправа, потпиша меморандум за соработка со странски невладини организации од областа на противпожарната заштита (Операција Флоријан од Англија и Working together од Франција) со кои имаше голем број на заеднички проекти од кои што дел се завршени, а дел се планирани за во нареден период.
Како реализирани проекти се обука на вработените во ТППЕ Прилеп од страна на Операција Флоријан во делот на техничките интервенции односно спасување на лица од сообраќајни незгоди (теоретска и практична настава) при што се изведени и голем број на показни вежби. Исто така реализирани беа обуки од страна на француската организација Working together во делот на гасење на пожари на отворен простор со каскадно носење на вода од ниските предели па до највисоките предели, како и обука на возачи за возење на тешко приступачни терени. Сите овие проекти се реализирани од страна на инструктори со меѓународни признанија и лиценци.
Во текот на обуките од страна на овие организации добиена е како донација одредена опрема која што во целост се користи од страна на нашите вработени (хидраулични ножици за спасување на лица во сообраќајни незгоди, воздуши перничина за дигање на терет и комплет дишни апарати)-со вкупна вреднос од околу 15.000 евра.
Во текот на 2009 и 2010 година од страна на Владата на Република Македонија, а во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Локалната самоуправа, Територијалната противпожарна единица доби две нови навални противпожарни возила, со што се поднови возниот парк на единицата, а се подобрија и условите за работа на терен. Овие возила се опремени со средства и опрема за гасење на пожари на објекти во урбана средина како и со опрема за технички интервенции, со вкупна вредност од 350.000 евра.
Инаку ТППЕ од Прилеп е една од најопремените и најефикасни противпожарни единици на ниво на Македонија. Прилепските пожарникарите постојано се надоградуваат со нови обуки, како и примена на нови методи и средста за поефикасно гаснење на пожарите. Резултатот од тоа е големиот број на ефикасно спроведени акции.
Во 2013 година од страна на Локалната самоуправа , а во соработка со ТППЕ се реализира проектот за нов ПП дом со ново уредени-преадаптирани простории за престој и работа, а исто така и гаражен простор каде што се сместени сите возила. Инвестиција вредна 15.000.000 денари или околу 250.000 евра, средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа.
Во 2014 година реализиран е проектот за прекугранична соработка со Пелагонискиот плански регион и Република Грција за опремување на вработените со заштитна облека ( шлем, чизми, ракавици, јакна и панталони) како и голем број на хидранти, кои што во соработка со ЈП „Водовод и Канализација“ беа поставени низ градското подрачје и во сите населени места во Општина Прилеп каде што имаше услови постоење на водоводна мрежа. За оваа намена беа вложени 60.000 евра.
Исто така се реализираше проектот за набавка на нови јоги душеци и шкавчина за секој вработен. Инвестиција од 2.000 евра.
Во 2015/2016 година изготвен и реализиран беше проектот за нова канализациона мрежа во објектот на ППДомот, како и проект за бетонирање на гаражниот простор. Овој проект е во завршна фаза.
Или вкупно за градежни активности и набавка на опрема во ТППЕ Прилеп во изминатиов период беа инвестирани околу 700.000 евра.
Во наредниот период се планира да се реализираат следните проекти во ТППЕ Прилеп :
1.Набавка на три теренски возила – камионети со надградба ( високо потисна пумпа, резервар, црево во витло) – во текот на 2017/2018 година. Оваа инвестиција се планира да чини околу 60.000 евра, средства од буџетот на локалната самоуправа.
Асфалтирање на платото-дворот пред Противпожарниот дом во текот на 2017 година, исто така со средства од буџетот на локалната самоуправа.Се планира изработка на ново сообраќајно решение на влезот и излезот во и од Противпожарниот дом исто така во текот на 2017 година.4.Централно греење во просториите и гаражниот простор на Противпожарниот дом во периодот од 2017 до 2020.
5.Набавка на возило од донација во текот на 2017 година
6.Во текот на оваа година во план е и набавка на канцелариски мебел и компјутерска опрема
7.Обука на вработените за гасење пожари во делот на повеќекатници, пожари на возила и гасење на пожари на отворен простор-период за реализација 2017/2020 (Операција Флоријан од Англија и working together од Франција)
Ќе се постават сончеви колектори кои би произведувале електрична енергија за потребите на ТППЕ Прилеп, со што би се постигнала и енергетска ефикасност на објектот.Се планира бушење на бунари за технолошка вода која би се наменила за потребите на ТППЕ Прилеп.10. Во иднина ќе продолжи континуираната соработка на ТППЕ Прилеп со АРМ, Јавните претпријатија и големиот број на приватни компании кои помагаат околу големиот број на интервенции.Од 01.07.2005 година, со спогодба за превземање, Територијалната противпожарна единица од Прилеп со целокупното работење, имот и вработени премина