Фракции на Македонската револуционерна организација

Радикално – реформска струја, Левица или Демократско-реформско крило [1] [2] е струја или крило на Македонската револуционерна организација која се појавила по Илинденското востание.Поистакнатите преставници на ова крило биле Пере Тошев и Ѓорче Петров, а како нејзини фракции егзистирале Серската група на чело со Јане Сандански и Струмичката група на чело со Христо Чернопеев.
Нејзините ставови биле јасно изразени во Директивата за идната дејност на Организацијата, таа биле изработени од страна на една комисија во која влегле Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов.
Директивата преставува прва пишана програма, политича декларација за карактерот, структурата и целите на Македонската револуционерна организација.
Во Директивана биле утврдени голем број на внатрешни и надворешни прашања. Во поглед на внатрешното устројво на самата Организација било истакнато дека: таа треба да биде поставена врз демократски и децентрализирачки принципи, во поглед на надворешната дејност било потенцирано дека треба да се работи за оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација, затоа да се агитира врз меѓународна основа и да се неутрализираат пропагндите, обединување на неселението во Македонија околу идеалите на Организацијата со што ќе се острани опасноста од поделба на Македонија од страна на балканските држави [3].
Со оваа Директива биле поставени и зацврстени ставовите на Реформската група и таа врз основа на Директивата во иднина дејствувала, притоа дошла во судир со останатие дејци на Организацијата кој не ги прифатиле тие начела и се одвоиле во посебна групација залгајќи се за старите принципи на централизација и автономија.
Нивен главен противник била конзервативна струја, во почетокот таа била подржувана од самиот Дамјан Груев [2] , а главни нејзини преставници биле Христо Матов и Христо Татарчев. По Илинденското востание, Реформската група токму со оваа струја ќе се судри и ќе започне борба, во почетокот преку дијалог, а подоцна и преку воружени престрелки, каков да биде идниот пат на Организацијата, односно борба за контрола на самата револуционерна организација.
Судирот бил јасно видлив за време на Рилскиот конгрес кога двете струи се судриле. Христо Силјанов истакнува дека новоусвоените акти на Конгресот биле компромисно решение меѓу двете групации: со чуствително наклонување на лево [2].
Оваа реченица на Силјанов ќе допринесе во историската наука да преовладува мислењето дека на Рилскиот конгрес преовладале принципите на реформската струја иако самиот тој истакнува дека бил постигнат компромис.
Главни преставници на реформската струја на Конгресот биле Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански, а тие се судриле со Даме Груев кој бил подржан од Аргир Манасиев, Борис Мончев, Лазар Маџаров, Стамат Икономов [2].
На Рилскиот конгрес, Серчани и Јане Сандански отворено го нападнале Борис Сарафов барајќи одговорнност за кревање на Илинденското востание, негов единствен бранител бил Ѓорче Петров, а на крај обвинението било отфрлено затоа што за изненадување на многумина Сандански рекол дека треба да има помирување и опростување со што ги пресекол сите понатамошни обвиненија, а во тој дух настапил и Ѓорче Петров по што Конгресот изгласал општа амнестија за сите.
Според бугарскиот историчар Димитар Атанасов и покрај општата амнестија, било извршено тајно советување на Серчани во Рилски конгрес и била донесена смртна пресуда за Даме Груев, Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов, а тоа решение добило поткрепа од Ѓорче Петров, Пере Тошев и Петар Поп Арсов [4], треба да се истакне дека оваа веројатност е можна но сѐ уште во историската наука нема согласнот и ова прашање за смртната пресуда и понатаму е отворено.
Рилскиот конгрес и покрај тоа што донел компромисни решенија [2], страстите во Македонската револуционерна организација продолжиле, а судирот се продлабочил уште повеќе. По смрта на Даме Груев предевидениот општ конгрес не се одржал, според некој токму Реформската струја односно Серската група го оневозможила одржувањето на општиот конгрес но било јасно дека разликите и недоразбирањата биле преголеми за да се дојде до некое решение.
Кулминација
На 10 октомври 1907 година Јане Сандански го наредил убиството на војводата Михаил Даев, близок до конзервативното крило. На 28 ноември, Тодор Паница по нарeдба на Јане Сандански ги убил Борис Сарафов и Иван Гарванов, а Христо Матов закаснил и се спасил. На Ќустендилски конгрес, Серската група не била поканета и под претседателсво на Христо Матов, Санданистите биле осудени на смрт. Во мај истата година се одржале конгрес на Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ во Банско, при што биле потврдени веќе постојните начела и принципи на Реформистите.
Легализација и поделби
Реформските дејции, првенствено оние околу Јане Сандански, решаваат да ја напуштат воружената борба како средство за постигнување на целта и решаваат да се легализираат и својата борба сакале да ја продолжаат низ институциите на Османлиската империја, односно преку легална дејност.Поистакнатите преставници на ова крило биле Пере Тошев и Ѓорче Петров, а како нејзини фракции егзистирале Серската група на чело со Јане Сандански

Пронајдете не на следниве мрежи: