Тероризмот и насилството од било каков облик, причина и локација се подеднакво грозоморни, во тоа не се сомневаме, ниту треба да се сомневаме. Некои велат дека ова е време за жалење и сочуство, се согласувам, но најважно од се , ова е време во кое треба да се преиспитаме зошто ова постојано се случува и што можеме ние, како индивидуалци и групи, жители на оваа планета Земја веќе одреден период, да направиме за да превенираме понатамошно деструктивно однесување и валкано узурпирање на основното право, со кое секој човек се стекнува од моментот на постоење, правото на живот.Не ја сфаќаме сигнификантноста на индивидуално ниво, дека секој од нас поседува идеи, знаење и моќ да направи промена, поседуваме квалитетен, образован, софистициран кадар, народ чија желба е мир во светот, не идеалистичкото клише и прашањето на избор за светска убавина, туку вистински мир во светот, без насилство, уцени, закани, неморални чинови и анархистички подвизи. Време е да се преиспитаме сите ние меѓусебно поврзани на мал милион начини, каде сличностите меѓу нас се многу поголеми од различностите.
Терористичката агенда, за религија, ќе ја слепат само непознавачите на светите книги, зашто ниту во Куранот, ниту во Библијата, се дозволува насилство врз невини жртви, напротив, строго се осудува, и секој кој е извршител или поддржувач на истото не може да се нарече религиозен човек.
Една од најпопуларните фрази на Џихадистите е: “Ние ја сакаме смртта повеќе отколку што вие го сакате животот”. И токму тоа им ја дава моќта.
Она што мораме да го направиме, е искрено да го сакаме животот, искрено да веруваме во демократијата и слободата, и да не дозволиме да бидеме изманипулирани од туѓи сценарија и обид за раздор.
Само обединети сме безбедни, само такви можеме да го искорнеме никулецот на злобата, зашто насекаде во светот, од било која религиска, етничка, расна определба или возрасна категорија, постојат насилници и терористички- настроени индивидуи. Се здружуваат меѓусебно поради истата идеа, втемелена на тешко психичко растројство, и години поминати во туторство од подеднакво умствено- болни, тренирани за дејства кои, со вчерашниот настан, постигнаа медиумска кулминација, а се одвиваат веќе подолго време, насекаде во светот, вклучувајќи ја и Македонија, која за жал сеуште доволно свежо се сеќава на пеколниот мај во Куманово.
Моменталната состојба во никој случај не смее да се остави на небрежност, напротив , треба внимателно да се делува и уште повнимателно да се селектира населението кое поминува преку граница, земена во предвид дека претпоставката на стручњаците, дека најголем дел од оружјето и самите терористи се пренесени токму на тој начин, дека, всушност транспортното гориво на тероризмот е нелегалната имиграција која моментално флуктуира низ Европа.
Со ова, не алудирам дека дел од членовите на ИСИС вклучени во вчерашната акција се Сиријци, иако во еден од напаѓачите е пронајден сиријски пасош употрбен за барање азил во Грција, но во услови на низок имунитет, и настинка е фатална, а 15000 имигранти дневно на гевгелиската граница, богами, не е сезонски грип.
Македонија масовно ја изрази својата поддршка и сочуство кон вчерашниот настан во Франција, иако доволно добро не држи сеќавањето за ноншалантните реакции на Европа, кога и самите ние се соочувавме со криза од ваков калибар во Куманово, повредени 42 полициски службеници и трагична смрт на уште осуммина од нив.
Објавуваме слика од Француско знаме, не зашто ситуацијата во Франција не потресува повеќе од неодамнешната во Македонија, туку, затоа што ја поддржуваме идеата дека паришката трагедија повеќе од било кога изнесе потреба за сите да се обединеме во борбата против екстремизмот, и до силно решение наспроти терористичките акции.
А, ако Ајфеловата кула и бојкотот на Квентен Тарантино се репер за аларм, така нека биде, се додека стануваме свесни за гравидноста на ситуацијата.
Ангела ИлоскаНе ја сфаќаме сигнификантноста на индивидуално ниво, дека секој од нас поседува идеи, знаење и моќ да направи промена, поседуваме квалитетен,