КАН: Сиам се одморала на плажата, кога и пришле полицајци и и наредиле да ги извади муслиманските симболи што ги има на себе. Таа одбила, и добила казна од 11 евра за носење бурка во јавност.Француската полиција жестоко ја спроведува забраната за носење бурка. Па така, Сиам, која инаку е мајка на 2 деца, доби казна за „несоодветно облекување на плажа“, што според официјалните лица е безбедносна мерка по страшните терористички напади во Франција.
Сиам обвинува дека ова е фашистичко однесување и расизам. Тројцата полицајци ја опколиле, наредувајќи и да ја соблече облеката, но таа категорично одбила бидејќи според неа, тоа не е бурка, туку само сина марама и широка облека. Сепак, тоа не ја спречило полицијата да ја казни и изречена и е парична казна од 11 евра.
Во меѓувреме, насобраниот народ снимал со мобилни телефони: Некои ја бранеле, додека пак, други ја навредувале:
Недела дена по инцидентот, таа се уште е во шок. 34-годишната Сиам е поранешна стјуардеса чија фамилија веќе 3 генерации е во Франција.
„Не понижија мене и моето семејство. Децата ми плачеа“, вели таа. Сиам била на одмор на француската ривиера и се сончала со семејството на плажата Бока во Кан околу 4 часот попладне, кога се случил инцидентот.
Таа носела туника, широки пантолони и хиџаб-марама што и ја покрива косата. Тврди дека не следи вести и не знаела за забраната. Полицајците и прочитале половина од забраната, а таа, мајка и, и сестра и се вџашиле кога сфатиле дека бурката е проблем.
Сиам прашала: „Што е правилен код на облекување според вас?“, на што полицајците и одговориле: Врзете ја марамата во висок јазол одзади и ќе Ви дозволиме да останете на плажата“. Откако одбила, и рекле: „Госпоѓо, таков е законот, и смачено ни е од оправдувањата!“ Народот и аплаудирал на полицијата, додека толпата околу нив се зголемувала.
Новинарката Матилда Кузин случајно се нашла таму: „Видов три полицајци, од кои двајца се држеа за солзавецот и беа спремни да го употребат. Беа млади и прилично сурови кон жената, која плачеше. Роднините на Сиам ги прашаа полицајците зошто не ги апсат луѓето кои носат крст, штом се забранети верски симболи, на што тие одговорија дека едноставно не го прават тоа. Тогаш таа се бунеше дека е казнета зашто е муслиманка и зашто луѓето што немаат никаква врска со нејзината религија се убијци“.
Сиам објаснува дека е жртва на неправда и дека ќе се бори против дискриминацијата. Таа се уште носи марама, иако признава дека ја носи со страв: „Иако многумина ме бранеа, сега цело време се пазам: три четвртини од луѓето на плажата беа фашисти. Ова е само почеток, и очекувам да избувнат лоши ситуации“.Француската полиција жестоко ја спроведува забраната за носење бурка. Па така, Сиам, која инаку е мајка на 2 деца, доби казна за „несоодветно