Франција се залага за транзиција на Сирија без Асад

Loading...

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледриан се зазема во саботата во Абудаби за помош во граѓанската војна во Сирија, повикувајќи на политичка транзиција којашто би го исклучувала учеството на претседателот Башар ал-Асад.

 
„Имајќи ја предвид големата цена која сирискиот народ веќе ја плати, мораме брзо, како никогаш досега, да реагираме за да ги надминеме поделбите и да овозможиме политичка транзиција”, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ледриан, пред учесниците на конференцијата за одбраната во Персискиот залив организирана во Абудаби.
Промените во Сирија мораат да претставуваат „транзиција во која нема да има место за претседателот Асад”, рече Ледриан.
Франција е постојана членка на Советот за безбедност при Обединетите нации, каде што Русија и Кина досега трипати искористувајќи го правото на вето блокираа носење резолуции за Сирија. Според Москва и Пекинг, станува збор за еднострано обвинување на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад а не и на вооружената опозиција, а исто така, со тоа се отвора и можност за повторување на ткн Либиско сценарио, односно странска воена интервенција.
Според последните податоци на ОН во граѓанската војна во Сирија, којашто прераснува во меѓуконфесионален конфликт, загинале околу 70 илјади луѓе. Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, бројот на загинатите во 23-месечните судири во земјата загинале повеќе од 50 илјади луѓе, додека, пак, според официјален Дамаск, бројот на жртвите е двојно помал, и тоа претежно станува збор за припадници на безбедносните сили „кои се судираат со терористички групи оркестрирани од странство”.
Во петокот сириската опозициска коалиција истакна дека претседателот Асад и главните носители на неговиот режим мора да бидат исклучен од секој дијалог за решавање на судирот во земјата.
Коалицијата оваа оцена ја изнесе откако водеше внатрешна расправа за предлогот на својот претседател Ахмед Моаз ал-Хатим, кој пред десетина дена најави можност за почеток на преговори со претставниците на режимот, што предизвика критики во редовите на опозицијата којашто е разединета по разни основи.
Макфакс
Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледриан се зазема во саботата во Абудаби за помош во гр

loading...