Франција со економски раст од 1,2 отсто во 2015 година

Во својот месечен извештај за јуни, францускиот институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ) предвидува значително подобрување на економијата, со очекување за стабилизација на невработеноста до крајот на годината.Министерот за финансии Мишел Сапан, и покрај оптимистичките прогнози на ИНСЕЕ сака да остане внимателен. Посебно откако во 2013 година предвиде намалување на невработеноста, што се покажа неточно, сега е многу попретпазлив. Но затоа пак ИНСЕЕ во својот најнов месечен извештај за јуни, прогнозира раст од 1,2 отсто од БДП за 2015 година, владата, од своја страна сака да остане на својата прогноза од еден отсто на БДП, како што е пресметано за буџетот за2015. Сепак, неофицијално, министерството за финансии ги зема во предвид добрите вести од ИНСЕ, за да ги измени пресметките за прилив од даноци за оваа година, што механички се одразува со враќањето на економскиот раст.
Ако владата се покажува внимателна, ИНСЕ е многу поголем оптимист. Усогласување на коњуктурите (намалувањето на вредноста на еврото, ниските каматни стапки и пониските цени на нафтата) на почеток од 2015 година помогнаа да се зголеми растот во првиот квартал. Односно активностите се зголемија малку повеќе отколку што се очекуваше (+ 0,6 отсто по 0,0 отсто на крајот на 2014 година). Сите гранки се вклучени во растот: производство (+ 1.3 отсто по 0,1 отсто), трговијата (+ 1,1 отсто по 0,4 отсто) и во помала мера пазарот на услуги (+ 0.5 отсто по 0,2 отсто). Само активноста во секторот на градежништвото продолжува да опаѓа во иста стапка како на крајот на 2014 година (-1.0 отсто по -0,9 отсто).
– Подобрувањето на економската коњуктурна клима сугерира дека активноста ќе се зголеми повторно во вториот квартал (0,3 отсто), но поскромно, за возврат по силната динамика на индустријата и енергетиката-водата-отпад почеток година”, посочуваат со умереност експертите на ИНСЕЕ. На крајот на годината, растот на БДП во третиот квартал ќе остане на ова ниво (+ 0,3 отсто), и ќе изнесува 0,4 отсто во четвртиот квартал. Во просек еконосмкиот раст годинава ќе биде 1,2 отсто, по 0,4 отсто во 2014 година, досега најголем пораст од 2011 година.
Не е изненадување, потрошувачката на домаќинствата е таа која ја повлекува француската економија. Во првиот квартал, таа нагло се зголемија (+ 0,8 отсто). Ова зголемување е главно предизвикано од повисоките трошоци за енергија (+ 3,9 отсто по -1,7 отсто на крајот на 2014 година) и купувањето автомобил (+ 2.2 отсто по 0,8 отсто). За цела година, потрошувачката на домаќинствата се забрза според ИНСЕЕ за 1,6 отсто. Ситуација која не е забележана од 2010. Оваа обновена доверба се должи на подобрување на куповната моќ на французите на почетокот на 2015 година, кога и стапката на нивните заштеди се зголеми за 0,5 процентни поени, на 15,6 отсто.
Но, вистинската добра вест за владата е зголемувањата на маржата на претпријатијата. Во првото тримесечје на 2015 година таа се зголеми за 1,3 поени на 31 отсто. Колку за потсетување, во 2014 година, го достигна своето најниско ниво од 1985 година. Овој скок ја потврдува политиката на владата за понудата. Покрај тоа, ИНСЕЕ гарантира дека ова нагло зголемување е последица на „растечката моќ на CICE и спроведување на Пактот за одговорност и солидарност“. Со што владата на Валс ќе ги замолчи критичарите на про-бизнис политиката на Франсоа Оланд на почетокот од петгодишниот мандат. Овие охрабрувачки резултати ги охрабруваат пред се претприемачите. Како доказ, бизнис-климата за сите сектори е подобрена од почетокот на годината. Така во мај 2015 година, показателот кој ја мерки покажува дека се зголеми на 97 поени или 6 поени над нивото од септември 2014 година.
Конечно, на фронтот на борбата против неввработеноста, со новите економски мерки се очекува создавање на 114.000 работни места наспроти 41.000 во 2014 година. ИНСЕЕ очекува стабилизирање на стапката на невработеност на крајот од 2015 година на 10,4 отсто од вкупната работна сила во Франција и на 10,1 отсто во континенетална Франција. Сепак, според економските експерти за да се намали вистински невработеноста потребно е во 2016 година екононски раст поголем од 1,2 отсто.Министерот за финансии Мишел Сапан, и покрај оптимистичките прогнози на ИНСЕЕ сака да остане внимателен. Посебно откако во 2013 година предвиде нам

Пронајдете не на следниве мрежи: