Пратениците на Националното собрание (Долниот дом) на Франција на заседанието во вторникот, по десетдневна дебата со мнозинство гласови го одобрија законот со кој ќе се легализираат истополовите бракови во земјата и им овозможува на овие семејства да посвојат деца.
Своите гласови „за” ги дале 329 од 577 пратеници во француското Национално собрание, додека „против” гласале 229 народни претставници. Исход од гласањето беше познат однапред, имајќи предвид дека иницијаторите на законот, од француската левица, имаат значително мнозинство во Долниот дом.
Легализација на истополовите бракови, беше едно од предизборните ветувања на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд.
Досега во Франција беа дозволени граѓански заедници на двојки од ист пол, но и покрај тоа социјалистите одлучија да ги легализира хомосексуалните бракови и на ваквите семејства да им се овозможи да посвојуваат деца. Против овој потег се претставниците на десничарската опозиција и на католичката црква.
Пред започнувањето на парламентарната расправи во Франција беа одржани манифестации со учество на стотици илјади поддржувачи или, пак, противници на акциите на хомосексуалните бракови. На последниот од овие големи протести против законот за легализација на хомосексуалните бракови во Париз на 13-ти јануари присуствуваа 340 илјади (според полицијата) до 800 илјади луѓе (според организаторите.) Од друга страна, поддржувачите на предлог-законот на 27-ти јануари се собраа во француската престолнина, и тоа 125 илјади (според процените на полицијата) до 400 илјади луѓе (според организаторите). Следниот масовен митинг противници на законот е закажано за 24-ти март.
Француските верски челници, повеќето католички, но и православни, муслимански, протестантски и еврејски, како и конзервативните политичари се мобилизираа во борбата против овој закон, особено против одредбата со којашто на истополовите двојки ќе им биде дозволено посвојување деца.
Законот за „бракот за сите”, како што го нарекува претседателот Оланд, би требало да ја промени дефиницијата на бракот во граѓанскиот законик на Франција од „заедница на маж и жена” во „заедница на две лица”.
Покрај тоа, како што претходно беше најавено, покрај легализацијата на бракот на лица од ист пол, со реформата на законот за брак во Франција на владата на претседателот Оланд направена е и измена при внесувањето на името во матичниот лист каде наместо татко и мајка би требало да пишува „родител 1″ и „родител 2″.
Законот за легализација хомосексуалните бракови и правото на посвојување за двојките од ист пол ќе се разгледува во Сенатот од 2-ри април, објави во вторникот министерот за односи со парламентот, Ален Видал.
Макфакс
Пратениците на Националното собрание (Долниот дом) на Франција на заседанието во вторникот, по десетдневна дебата со мнозин