Францускиот претседател СЕ ЗАКАНИ: Франција ќе биде безмилосна кон ИД

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја обвини денеска Исламска држава дека е одговорна за серијата терористички напади во Париз.-Тоа, што се случи вчера е акт на војна, извршен од терористичката војска – Даеш (Исламска држава), организиран во странство, помогнат од внатрешни соработници, кои истрагата ќе ги идентификува.
– Бидејќи беше нападната на кукавички и подмолен начин, со насилство, Франција ќе биде безмилосна против варварите од Даеш. Преземени се сите мерки за заштита на нашите сограѓани и на нашата територија, рече претседателот во Елисејската палата.
Тој ги повика Французите да се обединети и да останат смирени.
Во обраќањето до нацијата, Оланд истакна дека војската и силите за внатрешна безбедност ќе ги преземат сите мерки за да ги неутрализираат терористите.
Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, а војската ќе патролира во Париз.
Оланд додаде дека во понеделник, на 16 ноември, ќе се обрати на вонредна заедничката седница на двата дома на парламентот и најави официјална тридневна национална жалост.-Тоа, што се случи вчера е акт на војна, извршен од терористичката војска – Даеш (Исламска држава), организиран во странство, помогнат од вна

Пронајдете не на следниве мрежи: