Следен од стотици одушевени набљудувачи од улиците, „францускиот Спајдермен” Алеб Робер се искачи на врвот од славниот хотел „Habana Libre” (Слободна Хавана) во центарот на истоимената престолнина на Куба.
За искачувањето на врвот на зградата од 27 катови, на Ален Робер му бил потребен само половина час. При искачувањето и симнувањето овој веќе педесетгодишник не користел никакво јаже или заштитна опрема.
За Робер вој хотел и не претставуваше особен предизвик, имајќи предвид дека во својата „спајдерменска” кариера веќе се искачи на највисоките облакодери во светот, како Бурџ Калифа, Емпаер Стејт билдинг, и колите на Петронас. За медиумите во Хавана изјавил дека се одлучил за искачување по овој хотел, бидејќи во него бил сместен првиот штаб на Фидел Кастро откако ја презема власта во Куба со револуцијата од 1959 година и триумфално влегол во Хавана.
„Тоа е кубански симбол”, изјавил Робер, кој воопшто не бил загрижен од височината на хотелот којашто изнесува 126 метри. Малку, како што рекол, стравувал од кршење на фасадата, којашто како и кај други згради и објекти на Куба не е во добра состојба. Ова е првпат за Робер на Куба, а досега има „освојувано” згради во 30 држави. „Искачувањето за мене претставува начин да се открие една земја, нејзината култура”, додал Французинот, пренесува Reuters.
Хотелот, инаку, е отворен во 1958 година како „Habana Hilton” и во тоа бил највисок и најголем хотел во Латинска Америка. По влегувањето на Фидел Кастро во градот името на хотелот е преименувано во сегашното „Habana Libre”
Макфакс
Следен од стотици одушевени набљудувачи од улиците, „францускиот Спајдермен” Алеб Робер се искачи на врво