Француските државни органи ги прислушкувале телефоните на Никола Саркози!

Француските истражни органи не штедеа на средствата за да ги прислушуваат личните телефони на поранешниот шеф на француската држава Никола Саркози, неговиот адвокат Тјери Херцог, како и поранешните министри Клод Геан и Брис Ортефо.И сето ова во рамките на истрагата за недозволеното финансирање на предизборната кампања за претседателските избори од 2007 година, јавува дописникот на МИА од Париз.
Информацијата ја откри весникот „Ле Монд“, предизвикувајќи бура на реакции околу оваа најнова државна афера или скандал.
Се започнува со отворањето на истрага во април 2013 година за „корупција“, која требаше да ги провери сомневањата за финансиската поддршка од либискиот диктатор Гадафи на предизборната кампања на Никола Саркози во 2007 година.
Без да се двоумат истражните органи одлучуваат да го прислушуваат телефонот на Никола Саркози, Клод геан и Брис Ортефо. Токму ставањето на линијата на поранешниот министер за внатрешни работи Ортефо на магнетофонот на полицијата, неговиот поранешен потдчинет Кристиан Флаеш (поранешне шеф на судската полиција на Париз) го известува својот поранешен шеф за тоа и дека ќе биде повикан на разговор како обичен сведок.
По ова предупредување блиските на Саркози започнаа да се чуваат и да имаат недоверба. Но истражните судии ги користат сите можни птавосудни техники кои им стојат на располагање, кои вообичаено се користат за така наречениот „голем бандитизам“, односно организиарни криминални групи. Притоа тие откриваат дека поранешниот шеф на државата, станува внимателен при користењето на својот личен телефон и се стекнува со друг телефон кој е купен под туѓ идентитет од страна на неговиот адвокат Тјери Херцог – слично како што оперираат и припадниците на криминалните групи. Но истражните судии започнуваат да го прислушуваат и неговиот нов телефон.
Истовремено магнетофоните, односно информатичките хард-дискови снимаат се што се разменува на телефон, односн напорите на адвокатот на Саркози да дознае се што се спрема од судиите за да ги знае чекорите кои треба да ги преземе. Како контакт, тој има еден висок функционер во Касациониот суд (врховен суд) на Франција Жилбер Азибер кој бил близок до политичката опција на Саркози и тој многу отворено зборува за она што с еподготвува за поранешниот шеф на државата.

Блиску до пензија, функционерот се надева да биде назанчен за државен советник во Монако; Се поставува прашање дали за тоа очекува помош од Никола Саркози иако тоа изгледа необично.
Во меѓувреме на  26 февруари е отворена судска истрага за „откривање на судска тајна“, втемелена врз телефонските прислушувања на Никола Саркози, неговиот адвокат и дават поранешни министри. Целта е да се дознае дали Никола Саркози бил запознат преку судски или други канали дека бил прислушуван и дали на еден или друг начин го фаворизирал високиот судски функционер Жилбер Азибер.
Во меѓувереме судската полциија изврши претрес во канцелариите и домовите на функциониерот и адвокатот на Саркози, во потрага на докази.
Сите елементи за една нова државна афера или скандал се обединети, се очекува судскиот расплет, а во меѓувреме денешниот француски печат изобилува со насловни страници на кои се коментора дека поранешниот претседател на државата бил прислушуван од истражните органи.
Извор: kurir.mkИ сето ова во рамките на истрагата за недозволеното финансирање на предизборната кампања за претседателските избори од 2007 година, јавува дописник

Пронајдете не на следниве мрежи: