Хомофобијата е `норма` меѓу најдобрите француски фудбалери, според најновото истражување кое покажа дека речиси половина од професионалните играчи не се расположени кон хомосексуалноста, а еден од двајца млади играчи не би се туширале со соиграч геј.Истражувањето, направено од спортскиот психолог Антони Мете од аматерскиот фудбалскиот клуб Париз Фут Геј (Paris Foot Gay), покажа дека 41 отсто професионалните играчи од двете најдобри фудбалски дивизии се со хомофобични погледи.Меѓу 121 професионален играч, од 13 фудбалски клубови, 63 отсто рекле дека би биле изненадени ако дознаат дека некој нивни соиграч е геј, `затоа што тоа е табу тајна`.Авторите на студијата биле особено алармирани од хомофобијата кај фудбалерите од младинските академии на клубовите, каде половината рекле дека не сакаат да бидат во друштво со геј соиграч.„Како што стојат работите сега, речиси е невозможно младо геј момче да остане во младинските фудбалски организации“, стои во извештајот.Ова истражување, прво од ваков вид во Франција. Исто така, покажа дека половина од младите играчи би биле исплашени доколку се тушираат заедно со соиграч кој би се изјаснил како геј, а 22 отсто, преферираат тој да си замине од клубот.Речиси четвртина од младите играчи сметаат дека доколку некој нивни соиграч е геј, нивната игра ќе трпи и ќе биде лоша.Париз фут геј е аматерски клуб, основан во 2003 година, кој се натпреварува во локалната лига и се ангажира за отстранување на хомофобијата од францускиот фудбал. Има многу блиска врска со прволигашот Париз Сен Жермен.
МакфаксХомофобијата е `норма` меѓу најдобрите француски фудбалери, според најновото истражување кое покажа дека речиси